за

Жолтиот пајак се врати во Mazda

Жолтите пајаци имаат две слаби точки: Минерални горива и возила на Mazda. Јапонците веќе вторпат ги повикуваат возилата во сервис поради можен напад од осумножните инсекти.

Ние луѓето не мора да стравуваме од жолти пајаци. Затоа, пак, тие може да претставуаат сериозна закана за автомобилите, особено во случај кога станува збор за Mazda6 за американскиот пазар. Инсектите од фамилијата арахнида се чувствуваат фантастично во резервоарите на Mazda и плетат мрежи што можат целосно да го затнат водот за проветрување. Во екстремен случај е можно во резервоарот да се создаде потпритисок под чие што дејство се појавуваат пукнатини во него.

Во последните месеци Mazda регистрирала девет такви случаи, што е доволен повод во сервис да се повикаат 42.000 примероци од Mazda6 произведени во периодот од 2010 до 2012 година. Овојпат е најдено вистинско решение за надминување на проблемот со пајаците.

Сличен сервисен повик имаше во 2011 година, кога глобално беа повикани во сервис околу 65.000 возила Mazda6. Тогаш производителот вгради капак на отворот за проветрување на резервоарот, како пречка за пајаците. Моделите од актуелното производство во тој период добија и нов софтвер за спречување на создавањето потпритисок во резервоарот. Но, последнава мера беше преземена само врз новите возила. Вториов сервисен повик се однесува токму на тие возила.

Останува мистерија што точно ги привлекува пајаците во Mazda6. Познато е дека инсектите ги привлекува мирисот на минералните горива, а со тоа и на бензинот. Но, другите производители немаат такви проблеми. Еден инженер на Mazda се сомневаше дека тајната е можеби во звукот на 2,5-литарскиот четирицилиндарец. Но, и конкурентите имаат лични мотори.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Nissan е новиот главен спонзор на Лигата на шампиони

Жените паркираат подобро од мажите?