Еротски календар со Trabant

Дека секој автомобил е добар – кога на соодветен начин ќе се одвлече вниманието од него – докажуваат и сцените од календарот „Супер пластика“ на фотографот Андре Грос. Пластиката сепак останува само во автомобилот.

Некогашната источногерманска марка автомобили Trabant доживува сé поголема популарност меѓу љубителите на стари возила и носталгичарите. Германскиот фотограф Андре Грос процени дека сега е вистински момент за популарноста на пластичниот автомобил да се искористи во комбинација со нешто што никогаш не губи од популарност, со женските облини. Календарот „Супер пластика“ ќе се испечати во само 1.000 примероци и може да се набави директно кај Андре Грос на www.bigthings.eu по цена од 14,90 евра.

Претходна објаваСекое трето германско домаќинство поседува само велосипед
Следна објаваPorsche работи на претседателската лимузина на Путин

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here