Електричниот теренец на Audi: E-tron ќе биде новиот quattro

Според изјавата на шефот на Audi за британскиот магазин Autocar, ознаката E-tron во иднина ќе се користи слично како што денес се користи ознаката quattro. Првиот електричен автомобил на марката ќе биде означен едноставно Audi E-tron. Баварците на времето имаа ист пример со Audi Quattro.

Зад сцената, Audi работи под полна пареа на развојот на својот прв автомобил со електричен погон. Веќе е познато дека станува збор за теренец, а според сознанијата на британскиот магазин Autocar, тој ќе се појави на пазарот само под моделската ознака Е-tron.

Тоа за магазинот го потврди шефот Руперт Штадлер. Намерата на стратезите на Audi е ознаката E-tron, којашто моментно ја носат само плагин-хибридните модели на марката, во иднина да се користи на повисоко ниво. Со други зборови, E-tron ќе биде новиот quattro. Марката со четирите прстени веќе имаше такво поглавје во историјата, кога во 1980-те години го претстави купето означено едноставно Audi Quattro. Исто како што досега ознаката quattro се користеше за верзиите со погон на сите тркала, така во иднина E-tron ќе се појавува како дополнување во ознаката на моделските серии, од A3 до Q7.

Погонот на сите тркала во идните моделски генерации само со електромотор?

Дали тоа значи дека идните генерации на моделите на Audi секогаш ќе користат електромотор (или дури и повеќе електромотори) за реализација на погонот на сите тркала? Електромобилноста напредува со фантастична брзина и не се исклучуваат ниту најрадикалните зафати. Комбинацијата во секој случај одговара.

audi e-tron quattro concept 1

Audi веќе го прикажа изгледот на идниот електричен теренец преку концептот Audi E-tron quattro. По теренецот, до крајот на деценијава ќе следат уште два електрични модела, едниот со класична лимузинска форма, вториот со купе-каросерија.

Претходна објаваApple Car: Автомобил или само софтвер за автономно возење?
Следна објаваПеттата генерација на Honda CR-V ја започнува кариерата во Америка

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here