Електричниот кросовер на Tesla ги раздвижи големите марки

Големите имиња во браншата се најдоа затекнати од Tesla Model S, а ништо подобро не е кај кросоверот Model X. Барем конкуренцијата овојпат ќе доцни помалку. Jaguar работи на електричен модел Pace E.

Audi најавува кросовер со електричен погон, Mercedes исто така, но Tesla веќе го има во продажба својот Model X. Марките што би требало да го диктираат развојот на автомобилската бранша ја научија лекцијата од Tesla Model S и не сакаат да ѝ дозволат на малата калифорниска фирма да им го предводи бизнисот и во сегментот на спортските теренци. По претставувањето на F-Pace како свој прв спортски теренец, Jaguar веќе работи и на следниот модел, кој ќе настапува класа подолу и ќе вози и во верзија со погон само на струја. Стартот на продажбата се очекува дури во 2018 година.

Електричниот погон за помалиот брат на F-Pace моментно се тестира на студ во модифицирана каросерија од Range Rover Evoque
Електричниот погон за помалиот брат на F-Pace моментно се тестира на студ во модифицирана каросерија од Range Rover Evoque

Како основа за идниот E-Pace ќе послужи алуминиумската платформа од Land Rover Discovery Sport. Модуларната конструкција на платформата дозволува во подот на возилото да се вградат батерии со капацитет од 70 киловатчасови и два електромотора, напред со моќност од 116 КС, назад со 197 КС. Land Rover веќе ја прикажа оваа техника во Concept-e.

Jaguar моментно ја тестира техниката од идниот E-Pace, во модифицирана каросерија од Range Rover Evoque. Серискиот модел сепак ќе се раководи според дизајнот на F-Pace, но ќе има помали димензии на каросеријата. Освен изведбата со чисто електричен погон, во план е и верзија со плагин-хибриден погон, а секако дека ќе се нудат и верзии со конвенционални мотори од новата генерација на концернот Jaguar Land Rover. Исто како конкурентите, E-Pace ќе биде достапен во верзии со погон на сите тркала и со заден погон. Производството веројатно ќе се одвива во австрискиот Magna-Steyr, каде што Британците веќе ги резервираа производствените капацитети.

Претходна објаваРускиот пазар во криза, само продажбата на Porsche оди како подмачкана
Следна објаваВозачите тринаесетпати ги спасиле автономните возила на Google од судир

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here