Експерт тврди: Електричните коли имаат проблем со сопирачките

Прво пожарите во Tesla, а сега и ова: Експерт тврди дека практично сите електрични автомобили имаат слаби сопирачки. Во Tesla исто така се свесни за проблемот, но и тие немаат решение.

Правилото се учи уште во автошколата: Кога се вози по надолнина менувачот се префрлува во понизок степен и се користи моторното сопирање. На тој начин се заштитуваат класичните сопирачки од прегревање и од опасно губење на дејството на сопирање. Но, што да се прави кога возилото нема моторно сопирање? Електричните автомобили имаат генераторско сопирање. Две муви со еден удар: Автомобилот се забавува и во исто време се полнат батериите.

Проблем се јавува кога батериите се полни и во тој случај електричното сопирање е оневозможено. Тоа значи дека кога некој живее на рид и наутро ќе појде со полни батерии, при спуштањето мора цело време да ја притиска сопирачката. Експертот за електротехника Петер Маркс од Берлин верува дека производителите на електрични автомобили го немаат согледано доволно овој проблем и во најлошиот случај се заканува опасност од откажување или од предвремено трошење на сопирачките.

Решение е сопирање како кај камионите?

Според Маркс, примената на таканаречени ретардери како дополнување на системот за сопирање е безусловна кај електричните доставни возила и препорачлива кај патничките автомобили со погон на струја. Професорот веќе има регистрирано патент за примената на ретардери кај електромобилите. Ретардерите се сопирачки со вртложна струја и се користат кај товарни возила и автобуси за возачите поретко да ги користат обичните сопирачки.

Проблемот го пријавува и клубот ADAC во тестот на електричниот Volkswagen Up. Рекуперацијата не функционира кога се полни батериите. Производителите се свесни за проблемот и објаснуваат дека не вградуваат ретардер затоа што нормалните услови на возење подразбираат постојани промени на динамиката на возење, со забрзување и свијоци, како и вклучување на електрични потрошувачи, како клима уредот, коишто ги празнат батериите, со што се овозможуваат рекуперацијата и генераторското сопирање.

Претходна објаваУловен на тестирање: Новиот BMW X1 за 2015 година
Следна објаваХибридниот компакт на Lexus со премиера во Кина

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here