Еден милион хибридни возила од Lexus

Од претставувањето на првиот луксузен автомобил со хибриден погон во 2005 година се продадоа еден милион хибриди на Lexus. Јубилејното возило е NX 300h.

Lexus продаде еден милион возила со хибриден погон, откако го претстави RX 400h како прв автомобил со две срца во април 2005 година. За одбележување на овој значаен јубилеј, шефот на Lexus во Европа, Ален Ујтенховен пристигна во Милано за лично да му го предаде новиот автомобил NX 300h на сопственикот.

Престижната марка на Toyota го претстави RX 400h како прв спортски теренец со полн хибриден погон од премиум сегментот во април 2005 година. Една година подоцна следеше и првата премиум лимузина со хибриден погон GS 450h, за во 2007 година да пристигне LS 600h како најмоќна хибридна лимузина од луксузна класа. Понатаму беа претставувани HS 250h (2009), првиот премиум компакт со хибриден погон CT 200h (2011), ES 300h (2012), IS 300h и GS 300h (2013). Актуелниот NX 300h имаше премиера во 2014 година, а кон крајот на минатата година беше претставено и спортското купе RC 300h. Во денешната понуда на Lexus влегуваат вкупно 10 модели со хибриден погон, што секако е најголем број во браншата.

RX е најпродавана моделска серија со хибриден погон на Lexus, со 335.000 примероци досега
RX е најпродавана моделска серија со хибриден погон на Lexus, со 335.000 примероци досега

Европа во моментов е најголем пазар за хибридните модели на Lexus на глобално ниво. Лани, две од три продадени возила на марката имале хибриден погон, а доколку се земе само регионот на Западна Европа, нивното учество достигува дури 95 проценти. Во премиум сегментот, Lexus повторно е водечки со учество од 45 проценти, односно 77 проценти доколку се исклучат плагин-хибридите.

Во почетокот на годинава имаше премиера LC 500h, со нова генерација на хибриден погон со високи перформанси, наречена MSHS (Multi Stage Hybrid System), кој обезбедува уште поголема моќност, подобро забрзување и повисока ефикасност. Моделот ќе биде достапен во продажба од почетокот на следната година.

Продажба на хибридни модели на Lexus по регион

Пазар Продажба од 2005 Продажба во 2015
Северна Америка 345.5k 38,540
Европа 237.5k 40,629
Јапонија 225k 31,420
Кина 97k 21,120
Источна Азија 62k 11,151
Океанија 19.5k 3,535
Азија 8.5k 1,294
Останати 5k 1,343

 

Продажба по моделски серии со хибриден погон

Модел Продажба од 2005
RX 335k
CT 267k
ES 118k
HS 67k
NX 63k
GS 450h & 300h 53k
IS 51.5k
LS 41k
RC 3.8k

Претходна објаваДолжината на овој Audi A8 се мери во време
Следна објаваKia Sportage: Бестселерот на марката со „гаранција“ за бестселер во класата

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here