Дали сте за еден скијачки спуст со формула 1?

Некои луѓе се премногу љубопитни. На други луѓе тоа им е работа. Мајсторот за спектакли Red Bull овојпат одговори на прашање што никој не ќе се сетеше да го постави: Како изгледа формула 1 да се вози по патека за скијачки спуст?

Макс Верстапен доби задача од спонзорот Red Bull каква што не се одбива. Возачот на Scuderia Toro Rosso се спушти со својот формула 1 болид по снежната патека што за скијачите претставува исто толку голем предизвик како возењето по Нирбургринг. Спектаклот се случуваше во прочуениот скијачки ресорт Кицбил во Австрија, на патеката позната како „штрајф“, каде што авантура можат да си дозволат само најголемите мајстори на даунхил-скијањето.

„Никогаш не сум возел по снег,“ изјави Макс Верстапен по спустот. „Тоа беше вистински предизвик и моравме да ставиме синџири на гумите, тоа беше нешто посебно. Многу се забавував и публиката во Кицбил беше одушевена.“ За директорот за мотоспорт во Red Bull, др. Хелмут Марко, ова беше „покажување што може да се постигне со малку имагинација“.

Болидот беше посебно подготвен за соочување со зимските предизвици, вклучувајќи изработка на специјални зимски гуми, дотерување на моторот и нов сетап за целото подвозје, за Макс да може да управува со неговиот службен автомобил во невообичаената средина за кралицата на мотоспортот.

Претходна објаваFiat им плаќал на дилерите да пријавуваат лажна продажба
Следна објаваJaguar XE е најбезбедна лимузина според Euro NCAP

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here