за ,

Fiat им плаќал на дилерите да пријавуваат лажна продажба

Два американски дилери на Fiat Chrysler го тужат концернот кој им нудел пари на трговците да прикажуваат лажни продажни бројки. Веднаш по избивањето на скандалот се струполи вредноста на акциите.

Вредноста на акциите на Fiat Chrysler забележа нагло опаѓање откако медиумите објавија дека два дилера поднеле тужба против концернот. Италијанско-американскиот производител на автомобили им плаќал високи суми на своите дилери за тие да пријавуваат повисока продажба од вистинската. Непродадени автомобили биле пријавувани како продадени.

На дилерот на Chrysler, Едвард Нејплтон, концернот му платил 20.000 американски долари за 40-те непродадени автомобили да ги пријави како продадени. Според Нејплтон, вработен во фирмата претходно по грешка пријавил 16 автомобили како продадени, без знаење на газдата. Префрлените пари на сметката на дилерот наводно биле за покривање на рекламни трошоци.

Од концернот не излегуваат со соопштение додека не биде објавена пресудата. Акциите на Fiat Chrysler на њујоршката берза паднаа за осум проценти, додека акциите во Милано беа повлечени откако нивната вредност исто така се намали за над девет проценти. Концернот цели 69 месеци во континуитет пријавуваше зголемена продажба на пазарот во САД, со цел да се манипулираат вредностите на акциите.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

VLF: За оваа марка допрва ќе се зборува

Дали сте за еден скијачки спуст со формула 1?