Новиот грчки премиер Ципрас ќе ги остави своите владини колеги без службениот превоз и ќе ги пренасочи на такси-превоз или користење на сопствените возила.
Новиот шеф на грчката влада Алексис Ципрас има необично решение за намалување на трошоците и поштедување на и без тоа празната државна каса. Ципрас планира да го продаде комплетниот возен парк на владата и ги советува своите колеги во иднина да се префрлат на користење такси или на сопствените автомобили. Покрај долгот на Грција во висина од неколку стотици милијарди евра, продажбата на возниот парк на владиниот кабинет сепак ќе има само симболичен ефект.
Во секој случај, од продажбата на возилата за државните службеници може да се добијат барем неколку милиони евра. Во возниот парк влегуваат поголем број на луксузни возила од највисоката класа, вклучувајќи на пример и блиндирана лимузина од серијата 7 на BMW, опремена со сателитска комунукација и друга напредна опрема, во вкупна вреднст од 750.000 евра. Премиерот веќе го направи првиот чекор и во иднина ќе продолжи да го користи црниот Audi A4 од времето кога беше опозициски лидер. Министерот за финансии Јанис Варуфакис веќе има навика да користи такси по атинските улици, а повремено ќе го вози и сопствениот мотоцикл, додека министерот за реформи на администрацијата Јоргос Катругалос, инаку предлагач на продажбата, во иднина ќе го користи приватниот MG за службените патувања.
Од друга страна се наметнува прашањето колкави патни трошоци ќе пријавуваат грчките функционери? Ако и нивните трошоци изнесуваат по 25.000 евра, тешко нешто да остане од намерата за штедење.
















