Германскиот Тершелинг е „најелектризиран“ остров во светот

Жителите на островот Тершелинг во Северното Море добија на користење 65 примероци од електричниот Nissan Leaf. Не постои друг остров во светот со толкав број на електрични автомобили што се достапни за користење.

На германскиот остров Тершелинг денес пристигна флотата од 65 примероци од електричниот Nissan Leaf, коишто ќе им стојат на располагање на жителите на овој остров во Северното Море. Островот има површина од само 88 километри квадратни и има само еден главен пат. И покрај тоа, секој втор од вкупно 4.800-те жители поседува сопствен автомобил, когошто во просек го користи само 30 часови во годината.

Електричниот Nissan Leaf може да се изнајми во времетраење од само неколку минути па до неколку денови, по мошне достапна тарифа. За користење на возилата е потребно возачот да се пријави во системот преку апликација за мобилен, со којашто потоа го отклучува возилото и на крајот ја плаќа тарифата за користење. Освен на локалците, електромобилите ќе им бидат достапни и на туристите. До следното лето, флотата ќе се зголеми на околу 100 возила.

Претходна објаваТест на California T по рутата на Рели Монте Карло
Следна објаваDucati Scrambler е најубав мотоцикл според посетителите на EICMA

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here