Половината од посетителите на салонот во Милано го изгласаа Scrambler за најубав мотоцикл на EICMA.
Ducati Scrambler е најубавиот мотоцикл на годинешниот салон во Милано. Така решија 43% од преку 10.000 љубителите на возењето на две тркала кои учествуваа на натпреварот што секоја година го организира италијанскиот магазин Motociclismo. Второпласираниот мотоцикл на гласањето освои само 15% од гласовите или речиси трипати помалку гласови. Наградата за „Најубав мотоцикл на салонот“ беше финален чин по возбудлива недела со премиери и манифестации што ги видоа за 25% повеќе посетители во споредба со минатата година. Тоа е јасен знак дека постепено заздравува пазарот на мотоцикли, погоден од актуелната економска криза.
Scrambler се одликува со исклучително ниска тежина од само 170 килограми и со воздушно ладен двоцилиндарец што повлекува убедливо уште од ниски вртежи и ослободува 75 КС. Италијанците нудат три верзии од моделот: Urban Enduro, впечатлив по „дивата зелена“ боја, наменет за мотоциклистите што сакаат да возат по терен; Full Throttle, за љубители на трки на правец; Classic, за оние што ги сакаат деталите и стилот од 1970-те години. Продажбата стартува на крајот на јануари 2015.
















