Водородната Toyota доби специјален салон во Токио

Автомобилот со погон на водород на Toyota е повеќе од хит. Роковите за испорака на Mirai во моментов се подолги од три години. Во меѓувреме автомобилот може да се разгледа спокојно во специјалниот салон.

Во петок на 17-ти април претстои официјално отворање на салонот посветен на историски најзначајниот автомобил со погон на водород, Toyota Mirai. Салонот се наоѓа во станицата за водород на корпорацијата Iwatani и во него ќе можат да се добијат сите информации поврзани со сегашноста и иднината на овој ултимативен вид на погон, со цел дополнително да се поттикне интересот на јавноста.

Примерок од Mirai ќе биде постојано изложен во салонот, а заинтересираните возачи ќе можат да направат и тест возење со дополнителниот примерок од возилото. Салонот се наоѓа во токискиот кварт Минато, има површина од 84 метри квадратни на приземјето и уште 81 метри квадратни на катот.

Претходна објаваРоберт де Ниро ќе биде „Ил Комендаторе“
Следна објаваKia со два милиона произведени автомобили во Европа