„Водородната Toyota“ е новитет на годината според Popular Science

Реномираниот магазин за наука и технологија Popular Science ја прогласи Toyota FCV за најдобар новитет во годината во категорија на автомобили.

„Американскиот магазин Popular Science веќе 27 години ги одликува иновациите што го одушевуваат светот и внесуваат позитивни промени во секојдневието, исто како и на пронајдоците што ни го откриваат развојот во иднината“ – изјави Клиф Ренсом, главен уредник на магазинот. Новитет на годината е врвно одликување од магазинот и секој од стоте победници, во конкуренција од илјадници иновации, претставува револуција во своето поле.

Toyota Fuel Cell Vehicle или FCV е класична лимузина со четири врати и погон на струја. Разликата во споредба со конвенционалните електрични автомобили се состои во тоа што место да ја црпи енергијата од батериите, FCV самостојно ја произведува електричната енергија што е потребна за задвижување на електромоторот. Голем дел од погонската спрега потекнува од хибридните автомобили на Toyota, секако со таа разлика што место батерии, во возилото се наоѓа резервоар за водород.

Погонската спрега на Toyota FCV ја сочинуваат резервоари со водород под притисок, електромотор, горивна ќелија (Fuel Cell), мала батерија и контролна електроника. Водородниот гас се спроведува до горивната ќелија каде што доаѓа во допир со кислород. Водородот и кислородот се движат низ горивната ќелија и создаваат хемиска реакција, од која што произлегува електрична енергија за задвижување на возилото.

Предноста во споредба со електричните автомобили се состои во тоа што полнењето со гориво, односно со енергија, трае само пет минути, а досегот со едно полнење на резервоарите со водород изнесува близу 500 километри, што е споредливо со возилата со обичен мотор со внатрешно согорување. Сензацијата е во тоа што Toyota Fuel Cell Vehicle ќе стартува со продажба веќе кон крајот на следната година, прво во Калифорнија. Toyota веќе работи на изградба на потребната инфрастуктура, заедно со повеќе партнери и секако со поддршка од владата на САД.

Претходна објаваАвтомобил Bugatti ви е прескап? Тогаш обидете се со облеката!
Следна објаваИмето на Golf всушност потекнува од коњ!?

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here