Во светот за првпат ќе се продадат над 80 милиони автомобили

До крајот на годинава се очекува глобалната продажба за првпат да надмине 80 милиони автомобили. Најголемиот раст доаѓа од Западна Европа и од кинескиот пазар.

Продажбата на автомобили на глобално ниво уште во минатата година даде добри навестувања дека ќе се задржи континуиранот раст од претходните години. Според динамиката на продажба во првите шест месеци, годинава ќе биде уште една рекордна година. Пазарните аналитичари предвидуваат запаедноевропскиот пазар да достигне 13,8 милиони автомобили, што одговара на раст од 5 проценти, додека кинескиот пазар, како најголем пазар за автомобили во светот, до крајот на годинава ќе добие 21,7 милиони нови автомобили или +8% во споредба со минатата година. Помал раст се очекува за продажбата во САД, кадешто годинава ќе бидат регистрирани 17,5 милиони нови автомобили или само 1% повеќе во споредба со лани.

Кина, Западна Европа и САД покриваат две третини од светскиот пазар

Трите најголеми автомобилски пазари, коишто заедно покриваат две третини од светскиот пазар, продолжуваат со позитивниот тренд. Наспроти тоа, пад во продажбата има во Русија (-5%) и во Бразил (-15%), исто како и на јапонскиот пазар, кадешто продажбата се намалува за 2 проценти. Целиот светски пазар годинава ќе забележи раст од 3 проценти и за првпат ќе ја надмине бројката од 80 милиони продадени автомобили (80,6 милиони).

Спортските теренци и кросовери се главен двигател на светскиот пазар

Според резултатите за првите пет месеци од годинава, пазарот во Кина се зголемил за 10 проценти, на 8,9 милиони автомобили, за што најголем поттик дава растот во продажбата на спортски теренци. Ист е случајот со пазарот во САД, кадешто продажбата на патнички автомобили до јуни се зголемил за 1 процент, на 8,6 милиони примероци. Производителите на автомобили сепак се радуваат најмногу на растот во Западна Европа, кадешто продажбата во првите пет месеци се зголемила за 9 проценти, на 6,1 милиони возила. Сите големи пазари во регионот се во плус, па дури и со двоцифрен пораст во Франција, Италија и Шпанија. Во новите членки на ЕУ, продажбата до јуни има уште поголем пораст, со дури 17 проценти.

Претходна објаваMercedes дозволува неговите камиони да возат со сите алтернативни горива
Следна објаваЗнаменосецот Skoda Superb може да биде и спортски

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here