Топ-моделот на Skoda отсега е достапен и во верзија SportLine. Чешката марка се повикува на класични зафати, како поголеми бандажи или црни детали на каросеријата, но и тоа му прилега на Superb.
Нова спортска изведба е достапна за Skoda Superb и за комби-верзијата на знаменосецот на чешката марка. SportLine располага со црни детали на каросеријата, бандажи од 19 инчи, спортски волан со команди за менувачот со двојна спојка, спортски седишта и амбиентално осветлување со диодни светилки. Лимузинската изведба поседува заден спојлер, додека комбито располага со носачи за багаж на покривот. Прозорците се дополнително затемнети.
Во пакетот опрема SportLine за Superb спаѓа и приспособливо подвозје, со коешто каросеријата се спушта за 10 милиметри, како и со неколку програми за избор на работата на подвозјето: Нормална, спортска, комфорна, штедлива и индивидуална. SportLine е достапен со сите мотори во дијапазон од 1,4-литарскиот TSI со 150 КС, до врвниот 2.0 TSI 4×4 со менувач со двојна спојка и 280 КС.
















