Во март продадени само 303 нови автомобили во Македонија

Додека европскиот пазар на автомобили бележи рапидно зголемување веќе трет квартал во континуитет, продажбата на нови автомобили во Македонија уште ги трпи последиците од економската криза во државата.

Само 303 нови патнички автомобили купиле македонските возачи во првиот пролетен месец. Пред шест години, една автомобилска марка на нашиот пазар продаваше во просек исто толку автомобили колку што сите дваесетина марки во 2014 година продаваат заедно за еден месец. Најпродавана марка во март е Skoda со 39 примероци, пред Volkswagen со 33 и Opel со 28 патнички возила. Зад водечката тројка следат Citroen со 25 возила, Renault со 20 возила и Toyota со 19 возила. Списокот на осумте најпродавани марки го комплетираат Hyundai со 19 возила и Ford со продадени 17 возила.

Ништо подобра не е продажбата на лесните доставни возила – 101 возило во март. Тука првото место ѝ припаѓа на романската марка Dacia со 29 возила, пред Fiat со 25 и Volkswagen со 13 возила. Citroen е четврта најпродавана марка во сегментот на доставни возила, со 9 мартовски возила.

Во првиот квартал од 2014 година се увезени 5.980 користени возила, наспроти 669 нови возила. Кај товарните моторни возила соодносот е 305 наспроти 262, во корист на користените возила. Во 2009 година кога продажбата уште одржуваше нормална динамика, во првиот квартал биле увезени 2.670 нови автомобили, наспроти 597 користени возила.

Претходна објава10-те најпродавани модели и марки во Европа во месец март
Следна објаваOpel и Seat се повлекуваат од кинескиот пазар

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here