Вака изгледа „фалбаџискиот“ салон на Volkswagen во Пекинг

Volkswagen отвори нов репрезентативен салон во Пекинг. Купувачите за првпат можат на едно место да ги погледнат сите модели што марката ги нуди во земјата. Секако дека од тоа не може да произлезе друго освен гигантски салон – кој ќе продолжи да расте.

Во Пекинг заврши изградбата на првиот дел од новиот центар на Volkswagen. Целосниот објект ќе биде завршен во текот на следната година. Посетителите во овој „центар за доживување на Volkswagen“ со површина од 24.000 метри квадратни ќе имаат можност за комплетно интерактивно доживување на марката од Волфсбург. Главното внимание ќе биде насочено кон електричниот погон, поврзувањето на возилата во мрежа и автономното возење.

volkswagen peking

Тука ќе биде сместен и „Центарот на иднината“ на групацијата Volkswagen. Интердисциплинарниот тим е составен од дизајнери и експерти за дигитализација. Нивната задача ќе биде да изнајдат нови решенија за мобилност, коишто ќе излегуваат во пресрет на специфичните барања на азиските пазари.

Претходна објаваHankook го отвори Технодром – развоен центар за гуми вреден 220 милиони евра
Следна објаваКореец на скутер мина 18.000 километри само за да извози круг на Нирбургринг

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here