Hankook го отвори Технодром – развоен центар за гуми вреден 220 милиони евра

Корејскиот производител на автомобилски гуми денес го отвори новиот центар за истражување и развој во Деџон. Hankook Technodrome е изграден на земјиште со површина од 96.328 метри квадратни и се состои од зграда на шест катови, како и станбена зграда на осум катови, со станови за вработените, студио за фитнес, амбуланти, кафетерија и детска градинка.

Инвестицијата во центарот изнесува околу 220 милиони евра. Проектот е дело на Foster + Partners, светски прочуеното архитектонско биро основано од Сер Норман Фостер.

[FAG id=25843]

Претходна објаваcar2go во Виена со 1.400 автомобили за изнајмување од улица
Следна објаваВака изгледа „фалбаџискиот“ салон на Volkswagen во Пекинг