Американскиот пазар на пат кон рекордна година

Автомобилската индустрија е во добро расположение на салонот во Лос Анџелес. Причина за тоа е силниот американски пазар, од кого што профитираат и странските марки.

При евтин бензин, поволни кредити и ниска стапка на невработеност, Американците купуваат автомобили како никогаш досега. Пазарот на нови автомобили во САД е на сигурен пат да го надмине рекордното ниво од 2000-та година, кога во земјата се продадоа 17,3 милиони нови автомобили. Најголем интерес и натаму предизвикуваат спортските теренци и пикапите.

Најпродаван модел во првите десет месеци од годинава е пикапот од серијата F на Ford, со 630.000 примероци или 1,5 процент повеќе отколку во истиот период лани. Најпродаваниот пикап во светот со тоа го потисна и Ford Focus на глобалната листа на возила. Уште поголем напредок забележува главниот конкурент Chevrolet Silverado чија што продажба се зголеми за 15 проценти и достигна 493.000 примероци. На третото место се наоѓа уште еден пикап, Dodge Ram, со 372.000 продадени возила за десет месеци месеци.

Најпродавана лимузина во САД е локално произведуваната Toyota Camry

Првиот патнички автомобил е локално произведуваната лимузина од средната класа Toyota Camry, со 361.000 продажби. Од петтото до деветтото место исто така следуваат модели од јапонските марки: Toyota Corolla (306.693 примероци, +8,1%), Honda Accord (294.965, -11,0%), Nissan Altima (283.372, +1,0%), најпродаваниот спортски теренец во светот Honda CR-V (288.531 примероци во САД, +6,8%) и Honda Civic со 277.538 продадени примероци. Водечката десетка ја заокружува Ford Escape, кој во првите десет месеци достигна 257.731 примероци (+1,0%).

Интересна борба во премиум сегментот: Класата С на Mercedes порасна за 25 проценти, на 72.000 примероци, додека продажбата на конкурентот од серијата 3 на BMW опадна за 25 проценти, на 81.000 примероци. Наскоро следи изедначување?
Интересна борба во премиум сегментот: Класата С на Mercedes порасна за 25 проценти, на 72.000 примероци, додека продажбата на конкурентот од серијата 3 на BMW опадна за 25 проценти, на 81.000 примероци. Наскоро следи изедначување?

Најголем напредок во продажбата има постигнато Nissan Rogue, како американска верзија на спортскиот теренец од средната класа Nissan X-Trail. Неговата продажба се зголеми за 41 процент, на 238.000 примероци, што го става овој модел на 13-то место на листата на најпродавани возила во САД. Во апсолутната стапка на пораст, рекордер е Volkswagen Golf, со зголемување на продажбата од близу 120 проценти и 56.000 продадени примероци, на 74-то место. Аферата „дизелгејт“ очигледно не остава траги врз продажбата на германската марка на пазарот којшто ја пласираше истата.

Претходна објаваПо премиерата на 124 Spider: Остана ли нешто оригинално во марката Fiat?
Следна објаваKia отсега ќе произведува и во Мексико

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here