Kia отсега ќе произведува и во Мексико

Мексико е шестата земја во којашто Kia располага со производствен капацитет. Во Нуево Леон годишно ќе се произведуваат 300.000 возила или 10 проценти од глобалната продукција на Kia.

За неполни 13 месеци заврши изградбата на првата фабрика на Kia во Латинска Америка, којашто корејскиот производител го чини 3 милијарди американски долари. Тоа е најкусиот рок во кој Kia досега има изградено своја фабрика.

Откако фабриката во Пескуериа, Нуево Леон, ќе проработи со полн капацитет, нов автомобил ќе излегува од производствените ленти на Kia Motors Mexico на секоја минута, со што таа ќе се вброи меѓу најпродуктивните фабрики во глобалната мрежа на Kia.

Единаесет фабрики на Kia во Кореја, Кина, Словачка, Русија, САД и Мексико

Фабриката во Мексико е единаесетта во производствената мрежа што е присутна во Кореја, Кина, Словачка, Русија и САД. Околу три петини од продукцијата ќе се извезува во Северна Америка, 20 проценти ќе бидат наменети за покривање на локалниот пазар, додека преостанатите 20 проценти ќе се дистрибуираат во соседните држави во Латинска Америка. Со новиот капацитет воедно ќе се постигне и растоварување на постоечките производствени погони на Kia, што ќе придонесе и за забрзуваање на испораката на возила за купувачите во Европа.

Со фабриката на Kia во Мексико се отвораат 14.000 директни и 56.000 индиректни вработувања, вклучувајќи ја и мрежата од добавувачи за фабриката. Во погоните во Пескуериа ќе се користи најсофистицирана опрема, вклучувајќи каросериска преса вредна 75 милиони американски долари, со должина од 18 метри и тежина од 3.862 тони, што ја прави најголема преса во производствената мрежа на Kia.

Особено внимание е посветено на енергетската ефикасност. За осветлувањето во фабриката се користи исклучиво LED технологија, со ниска потрошувачка на струја и можност струјата во иднина да се добива од соларни панели.

Претходна објаваАмериканскиот пазар на пат кон рекордна година
Следна објаваPorsche Cayman GT4 Clubsport за приватни тркачи за 111.000 евра

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here