Автопилотот на Tesla ги „гледа“ камионите како сообраќајни табли

Утврдена е причината за трагичниот случај со автопилотот на Tesla. Системот за автономно возење погрешно го препознал камионот како висечка сообраќајна табла. Но, постои и друга верзија.

По првиот трагичен случај предизвикан со автомобил управуван од компјутер, голем сомнеж се фрла врз способноста на системот за асистенција во возењето што производителот Tesla го нуди во своите автомобили како „автопилот“. Според калифорнискиот специјалист за електричен погон, системот за автономно возење погрешно го препознал камионот во којшто влета автомобилот како висечка сообраќајна табла. Возачот на електричната лимузина Model S загина од платформата на приколката на камионот, којашто пробила низ ветробранот. Според наводите на полицијата, автомобилот продолжил да се движи по кобниот судир, излетал од патот и на крајот удрил во столб.

Дури отпосле, од Tesla се ограничуваат од случајот и посочуваат дека „автопилотот“ не ги претвора неговите автомобили во автономни возила, туку станува збор само за систем за помош при возењето и возачот мора постојано да внимава на сообраќајот. Откако системот беше воведен во возилата на Tesla минатата есен, на интернет почнаа да се појавуваат видеа на коишто возачите се снимаа како во автомобилот се занимаваат се со сé друго освен со возење.

Добавувачот Mobileye тврди дека неговата технологија ќе биде во состојба да реагира при потенцијална опасност од судир дури по 2018 година. Tesla се брани дека „автопилотот“ во нивните возила користи технички уреди од повеќе добавувачи, кои имаат функција да препознаваат пречки на патот

Израелското претпријатие Mobileye, коешто го снабдува калифорнискиот производител со потребната технологија и во петокот потпиша значаен договор со BMW, претходно соопшти дека неговите системи во моментов не се способни да реагираат при потенцијална опасност од судир. Технологијата на Mobileye ќе биде во состојба да препознава возила што наидуваат странично на крстосница дури по 2018 година.

На тоа повторно следеше реакција од Tesla, од кадешто посочија дека нивниот „автопилот“ претставува комбинација од технички уреди од повеќе добавувачи, чијашто функција е да ги препознаат пречките на патот. Во соопштението од американскиот производител се објаснува дека „кај оваа незгода, високиот и бел страничен ѕид на приколката, заедно со знакот за радар, кој мошне наликува на висечка сообраќајна табла, биле главната причина што не се активирало автоматското сопирање.“

Автомобилите на Tesla регистрираат изобилство од податоци за секое возење. Сообраќајните власти во моментов го испитуваат „автопилотот“ на Tesla и постои можност да се наложи голем сервисен повик, којшто ќе наштети и на имиџот на производителот на електрични автомобили и на неговата и без тоа кревка финансиска ситуација.

Претходна објаваFord го нуди спортскиот пакет ST и за знаменосецот Mondeo
Следна објаваИталијански уметник го претвори BMW во шпагети-автомобил

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here