Италијански уметник го претвори BMW во шпагети-автомобил

Откако уметникот Маурицио Кателан се повлече од сцената пред пет години, за неговите дела се наддаваше и за 15 милиони долари. Последново дело во форма на шпагети-BMW ги поттикнува апетитите за уметноста.

Производителите на автомобили некогаш се впуштаат во чудни проекти само за да привлечат внимание. Маурицио Кателан, познат и под неговата марка „Тоалетна хартија“, доби целосна подрршка од француското претставништво на BMW во неговата идеја да го претвори електричниот i3 во шпагети-автомобил. Овој побудувач на апетитот ќе биде дел од традиционалниот фестивал на фотографијата во францускиот Арлес.

Маурицио Кателан официјално се повлече од уметничката сцена во 2011 година, по неговата „Ретроспектива“ во музејот Гугенхајм во Њујорк. Италијанецот сепак не издржа без да ја ослободи својата креативна моќ и неодамна создаде комплетно златен тоалет за истата оваа инстутиција во американската метропола. Иако Кателан „официјално“ не е присутен на сцената, неговите дела годинава достигнаа вредност од преку 15 милиони долари на наддавањата.

bmw i3 spageti-auto 00002

За својот шпагети-автомобил BMW i3, Кателан коментира: „Ова е неспоредливо најдобриот шпагети-автомобил што го имам пробано досега! Сите овие години на усовршување дефинитивно се исплатеа! Апсолутно фантастично!“ Италијанскиот уметник се пожали и дека уште откако започнал со готвење пред 37 години, безуспешно се обидува да направи добар сос за шпагети.

Првиот човек на BMW во Франција, Серж Нодин, исто така е одушевен од делата на Кателан: „Што се однесува до неговата ‘уметност’ ни се допаѓа сé што тој ќе направи – исто како што ни се допаѓа кога не прави апсолутно ништо.“ Овој коментар совршено ја заокружува смислата на целиот проект.

bmw i3 spageti-auto 00003

Претходна објаваАвтопилотот на Tesla ги „гледа“ камионите како сообраќајни табли
Следна објаваMercedes дозволува неговите камиони да возат со сите алтернативни горива

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here