На светскиот ден на мајчиниот јазик, Ford открива дека автомобилите, освен гласот ќе го распознаваат и расположението на возачот и соодветно ќе реагираат, на пример со развеселување по пат до дома. Денес тоа е само техника од иднината, но во видно време е можно да стане и реалност. Систем што препознава замор кај возачот веќе постои.
Според Ford, девет од десет автомобили во 2022 година ќе поседуваат системи за препознавање на говор, додека три четвртини од овие автомобили дополнително ќе располагаат и со говорна команда по принцип на облак. Идните системи за асистенција, со помош на микрофони и камери во кабината ќе ги препознаваат и најмалите промени во изразот на лицето и ќе реагираат на различните тонови на гласот. Тоа е добра вест на денот на мајчиниот јазик, којшто е одреден за „унапредување на говорната и културната разноликост и повеќејазичноста“.
Преку разпознавање на говорот и вештачката интелигенција, нашите возила во видно време ќе знаат дали сме под стрес и која музика сакаме во тој случај да ја слушаме на пат до дома. Или место тоа ќе биде подобро да се чита некоја аудио-книга или можеби возачот повеќе сака апсолутна тишина во такво расположение? Бојата и интензитетот на осветлувањето во кабината исто така ќе се приспособуваат според моменталното расположение на возачот.
На тој начин, автомобилите ќе се претворат во наши асистенти и придружници на пат, коишто нé слушаат додека патуваме. Возачот и патниците притоа нема да имаат чувство дека разговараат само со обична машина.
Ford врши такво истражување, со примена на повеќе микрофони за подобрување на обработката на гласот и за намалување на пречките од надворешните звуци. Експертите ценат дека такви интелигентни системи за говор ќе стојат на располагање најдоцна за две години. Овие системи ќе можат да поставуваат прашања, како „дали сакате да нарачате букет за денот на мајката?“ или „дали сакате да изберам побавен и помалку оптоварен пат до дома?“ или „дали сакате да ја купите вашата омилена чоколада во омилената продавница?“ Возачот преку гестикулација и движење на погледот ќе одговара на повиците, ќе го засилува тонот или ќе управува со навигацијата.
Автомобилските куќи работат на развој на возила што чувствуваат. Системите за асистенција ќе го смируват возачот при стрес, ќе даваат совети при подолгите патувања или едноставно ќе нé потсетат на нечиј роденден.
Актуелната, трета генерација на системот Ford Sync веќе е на половина пат дотаму. Ракувањето е поедноставено, системот е компатибилен со Siri, Apple CarPlay и со гласовниот сервис Alexa на Amazon. Ford Sync 3 разбира 23 јазици, вклучувајќи и дијалекти, како англиски јазик со австралиско, американско и британско наречје, исто како и француски јазик што се говори во Франција или Канада. Преку пристапот на услуги базирани на облак, автомобилите во иднина ќе добијат уште поголем талент за јазици.
















