Пред една година Bugatti ја стартуваше сопствената колекција облека во Милано. Под мотото „The Blue of London“ марката сега го отвори и првиот бутик, сместен на „Бромптон Роуд“ во лондонската населба Најтсбриџ. Во следните пет години ќе бидат отворени вкупно 30 бутици во меѓународните економски и модни метрополи. В година се планира отворање во Токио, Дубаи и Доха, а потоа и во Париз и Милано. Од 2016 година, Bugatti ќе започне со продажба на својата колекција и на пазарот во САД.

















