за ,

Yamaha XSR 900: Оваа машина е родена да владее

Во почетокот на годинава Yamaha го престави XSR 700 на база на MT-07, а сега врз основа на MT-09 пристига и XSR 900, со елементи во дизајнот позајмени од Roland Sands.

Старинскиот изглед на Yamaha XSR 900 не смее да мами, затоа што зад него се крие современа техника. Трицилидарскиот линиски Crossplane со водено ладење и зафатнина од 850 сантиметри кубни ослободува 115 КС, со вртежен момент од 87,5 њутнметри при 8.500 вртежи. Контролата на тракцијата се дотерува во три степени или може целосно да се исклучи. Покрај тоа, следуваат четири различни режими на работа, спојка што спречува „скокање“ и АВЅ како стандард. Телескопката вилушка од 41 милиметри со местење на влечниот степен и задна амортизација монокрос со дотерување на влечниот и повратниот степен потекнуваат од MT-09.

yamaha xsr 900 (5)

Резервоарот од 14 литри е обложен со алуминиумски панели, а од истиот материјал се изработени заштите лимови, страничните облоги и држачот на предното светло. Седиштето е на висина од 83 сантиметри. Во возна состојба, XSR 900 тежи 195 килограми.

Како мотоцикл што е дел од философијата за „побрзите синови“, за XSR 900 ќе стојат на располагање низа опции за внесување личен печат. Продажбата стартува во февруари в година, во јубилејната златно жолта боја за 60-годишнината, во мат сива и во темносина боја.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes SL: Возило од соништата за посебните моменти во двојка

Евтиниот електромобил на Tesla ќе изгледа како „капка“