за

Кинески електрични СУВ право за Норвешка

Компанијата Xpeng Motors го пушти првиот контингент од СУВ-моделот Xpeng G3i за извоз. Стоте примероци од електричниот СУВ се наменети за Норвешка.

Кинески електрични СУВ право за Норвешка

Првиот континтент од електричниот СУВ Xpeng G3i наменети за извоз патуваат за Норвешка, светски шампион според уделот на возилата на струја. Пратката од 100 возила се очекува да пристигне во скандинавската земја во ноември.

Од новите автомобилски компании од Кина, специјализирани за електрични возила, долго време слушавме само амбициозни најави и големи ветувања во поглед на техологијата. Повеќето од овие најави веќе станаа реалност, а од ноември ќе станат реалност и кај светскиот шампион во електромобилносста, во Норвешка. Првите сто примероци од електричниот СУВ-модел Xpeng G3i што се наменети за извоз, моментно патуваат со брод за скандинавската држава со најголем удел на возила на струја во вкупната продажба.

Кинескиот производител ветува дека неговиот електричен СУВ постигнува исклучително долг досег и располага со интелигентна технологија. Xpeng Motors официјално стартуваше со продажба на моделот G3i во Норвешка уште во јуни. Досегот изнесува 520 километри, цените стартуваат од 358.000 норвешки круни, односно нешто повеќе од 32.000 евра.

Во споредба со изведбата за Кина, верзијата на G3i за европскиот пазар има претрпено бројни промени и во хардверот и во софтверот, со цел да се исполнат хомологациските барања. Истото важи и за излегувањето во пресрет на барањата на европските купувачи, кои повеќе преферираат постегнато подвозје и подинамични возни својства.

Наспроти тоа, нема промени во одредени функционалности на возилото, како што е самостојното паркирање. Кинеските возачки и возачи особено ги ценат можностите на овој систем во возилата на Xiaopeng. Автоматското паркирање се врши со помош на 20 сензори, ултразвучен радар, камера со висока резолуција и радар. Посебно за европскиот пазар се работеше и на сопствениот оперативен систем Xmart OS, вклучувајќи и поддршка за говорни команди на англиски јазик.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

bugatti baby II

Цвета бизнисот на Little Car Company, производител на Bugatti Baby

mercedes e 50 amg napred (w 210)

Mercedes E 50 AMG го имаше своето деби пред 25 години