за

VW Golf ја престигна Tesla Model Y како најпродаван автомобил во Европа

Електричниот СУВ на американската Tesla повеќе не е ниту во Топ 50. Втор најпродаван автомобил во минатиот месец беше Peugeot 208, но и вкупно најпродаван модел годинава.

Volkswagen Golf е најпродаван автомобил во Европа во октомври, заменувајќи ја Tesla Model Y на првото место во претходниот месец. Со вкупно 17.155 примероци, германскиот компакт ја зголемил продажбата за речиси двојно во споредба со истиот месец лани. Golf е воедно и најпродаван модел во компакт класата во периодот од јануари до октомври.

Tesla Model Y воопшто не се појавува во Топ 50 и во октомври постигнал само 2.733 продажби, наспроти 29.720 возила во септември. Model Y сепак ја задржа позицијата на најпродаван СУВ од средната класа во премиум сегментот во првите десет месеци од 2022, затоа што од претходно имаше голема предност во однос на конкуренцијата.

Peugeot 208 е најпродаван модел во октомври со 16.928 примероци, што претставува раст од 25 проценти, според податоците што ги објавија Dataforce. Францускиот 208 е воедно и најпродаван модел во Европа во периодот од јануари до октомври, со вкупно 175.404 продажби. Тоа е напредок за 12 проценти во споредба со истиот период лани.

Toyota Yaris ја заокружува водечката тројка со вкупно продадени 15.930 возила во октомври. Во споредба со истиот месец во 2021 година, моделот на јапонската марка што традиционално се произведува во фабриката во Валенсјан, Франција, ја зголемил продажбата за повеќе од двојно. Со раст од 133 проценти, тој го престигна третиот најпродаван модел во септември, Dacia Sаndero.

Golf ја постигна втората месечна победа во 2022, откако тоа му успеа претходно во февруари. До октомври, шест различни модели се искачиле на врвот на продажбата во Европа.

Останатите победниви во 2022 година беа Dacia Sandero (јануари), VW Golf (февруари и октомври), Tesla Model 3 (март), 208 (април, мај, јуни), VW T-Roc (јули и август) и Model Y (септември).

Во октомври, секој модел што се пласирал во Топ 10 постигнал зголемување на продажбата, со исклучок на Renault Clio, чијашто продажба назадувала 6,9 проценти.

Меѓу останатите модели во Топ 50 што имаат позабележлив раст во продажбата се VW Tiguan (+183 проценти), Toyota Yaris Cross (+164 проценти), Skoda Octavia (+111 проценти), Ford Puma (+202 проценти) и Audi A3 (+106 проценти).

Tоп 10 најпродавани модели во октомври 2022

1 VW Golf 17,155

2 Peugeot 208 16,928 

3 Toyota Yaris 15,930 

4 Dacia Sandero 15,624

5 VW Tiguan 14,464 

6 VW T-Roc 13,276 

7 Renault Clio 12,668

8 Citroen C3 11,956 

9 Toyota Yaris Cross 11,932 

10 Skoda Octavia 11,634 

 

Tоп 10 најпродавани модели од јануари до октомври 2022

1 Peugeot 208 175,404 

2 Dacia Sandero 160,448 

3 VW T-Roc 150,983 

4 VW Golf 149,583

5 Toyota Yaris 139,484 

6 Opel Corsa 137,823 

7 Hyundai Tucson 128,035 

8 Dacia Duster 122,309 

9 Citroen C3 119,101 

10 VW Tiguan 116,817

Концернот на Peugeot и Fiat ја зголеми продажбата за близу третина

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volkswagen сака да прави пикапи за САД заедно со производителот на iPhone

Хибридниот СУВ-модел ZR-V се придружува во понудата на Honda в година