Концернот на Peugeot и Fiat ја зголеми продажбата за близу третина

Концернот Stellantis ги потврди предвидувањата дека ќе постигне двоцифрена маржа годинава, по коригирањето на оперативната добивка и позитивниот прилив на готовина за индустријата.

Продажбата на Stellantis, четврти најголем производител на автомобили во светот, забележа напредување од 29 проценти во третиот квартал. За тоа придонесоа зголемената продукција, благодарение на подобрувањето во испораката на микрочипови за фабриките за автомобили. Додека попушта тесното грло во снабдувањето со микрочипови, почнуваат да се јавуваат други проблеми за концернот Stellantis, главно во логистиката во Европа.

Чистиот промет во периодот од јули до септември изнесува 42,1 милијарди евра, што ги надминува очекувањата на аналитичарите со 40,9 милијарди евра. Од компанијата наведуваат дека за растот придонела и зголемената продажба на возила од повисоките ценовни сегменти, како и поволниот девизен курс.

Бројот на испорачани возила порасна за 13 проценти и достигна вкупно 1,28 милион возила. Концернот на Peugeot, Citroen, Fiat, Alfa Romeo, ги потврди и очекувањата дека годинава ќе достигне двоцифрена маржа, по коригирањето на оперативната довивка и позитивниот прилив на готовина.

Продажбата на чисто електрични возила во третиот квартал се зголемила за 42 проценти и достигнала 68.000 возила

Проблемите во логистиката довеле до зголемување на залихата од возила, додека вкупната продажба на возила од дилерите кон корисниците се намалила за 4 проценти во последниот квартал.

Директорот за финансии Ричард Палмер цени дека целата индустрија се соочува со недостиг од камиони и возачи, што му отежнува на Stellantis за „масивното портфолио со нарачки да го претвори во продажби на возила во Европа“.

Jeep Renegade: Кога градски автомобил е мал, а компакт е слаб

Палмер додаде дека компанијата во моментов не гледа „црвена светилка што трепка“, за евентуални проблеми во снабдувањето со енергија што би влијаеле врз синџирот на добавувачи. Нивото на загриженост во концернот сега е многу пониско отколку пред само неколку месеци, затоа што „сите преземаат чекори“.

„Доколку зимата биде нормална… реално е тоа што сме уверени дека ќе можеме да го одржуваме производството без поголеми прекини“, заклучува Палмер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Opel (@opel)

Претходна објаваСпецијалистот за турбополначи Garett е пред продажба
Следна објаваГерманска Opel Astra за Германски автомобил на годината

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here