за

Германска Opel Astra за Германски автомобил на годината

Opel Astra победи во изборот за Германски Автомобил на 2023 година, во категоријата на модели од компакт класата со цена до 30.000 евра.

Независно жири од автомобилски експерти гласаше за новата Opel Astra да го понесе насловот на Германски Автомобил на 2023 година, во категорија на модели од компакт класата. Се нижат победите за Astra, откако комбито Sports Tourer претходно победи во изборот за „Семеен автомобил на 2022 година“.

Оцените на автомобилските експерти ги потврдија реакциите на купувачите за новата Opel Astra. Најсвежото поколение на компактот од Риселсхајм е прогласено за „Германски Автомобил на 2023 година во компакт класата.“ Независното стручно жири на „German Car Awards“ ги избра Astra во комбилимузинска изведба и комбито Astra Sports Tourer за најдобри компактни модели во Германија.

Тоа што најмногу придонело за 27-членото жири да даде најмногу гласови за Opel Astra биле иновативните технологии за безбедност, коишто Opel прави со новата Astra да бидат достапни до поширок круг купувачи, исто како и понудата од разновидни погонски решенија, вклучувајќи и изведба со приклучен хибриден погон.

Жирито го сочинуваат мошне влијателни личности, вклучувајќи го Бернд Остман, долгогодишен уредник на магазинот „ауто мотор унд шпорт“, денес издавач на истиот, како и Михаел Шпехт, поранешен уредник на „Ауто Билд“.

Тоа што за жирито најмногу ја издвојува Opel Astra oд конкуренцијата се и прогресивниот дизајн, што прави автомобилот да го привлекува вниманието каде и да се појави, а исто и возачкото уживање и погодениот сооднос меѓу цената и квалитетот. Наградите беа доделени синоќа на свеченост во германскиот Бад Диркхајм/Пфалц.

„Одликувањето за ‚Германски Автомобил на годината во компакт класата‘ докажува уште еднаш, дека нашата нова Opel Astra е вистинска предизвикувачка, како во изведбата со пет врати, така и во изведбата Sports Tourer, а згора на тоа има и материјал за победничка во секој поглед“, се радува за успехот шефот на Opel во Германија, Андреас Маркс.

„Opel Astra се профилира како вистинска универзалка во својот сегмент и тоа го убеди нашето жири во сите подрачја. Тоа се однесува и за емотивните критериуми, како дизајнот и возачкото уживање, во коишто таа јасно се издвојува од конкурентските модели“, изјави Јенс Мајнерс, од жирито на GCOTY.

Наградата за „German Car of the Year“ се доделува петта година. Независното жири се состои од 27 експерти од автомобилизмот, коишто избираат победници во пет категории – компакт, премиум, луксуз, нова енергија и перформанси.

Тест · Opel Astra Ultimate 1.5 Diesel: Родена под среќна ѕвезда

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Еден коментар

Одговори

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Концернот на Peugeot и Fiat ја зголеми продажбата за близу третина

Mercedes-Benz како највредна луксузна марка годинава вреди уште повеќе