Volvo ќе го покаже новото лице во Франкфурт

Швеѓаните развија студија со која што ја најавуваат стилската пресвртница на марката Volvo. Се очекува дека спортскиот теренец XC90 ќе биде првиот модел со новата маска.

Volvo го менува изгледот. За салонот во Франкфурт кој почнува за две недели, шведската марка ќе претстави студија која што го покажува новиот нос на марката. Дизајнот е во класичниот нордиски стил, со релативно тесен отвор за воздух и масивни хромирани пречки, кои што оддаваат благородна нота.

Првиот сериски модел со новата маска ќе биде редизајнираниот XC90, чија што премиера се очекува в година. Новиот изглед потпишан од шефот за дизајн Томас Ингенлат ќе се користи кај сите идни модели на Volvo. Исто како и конкурентите, Volvo во иднина ќе користи систем на заеднички компоненти со различни платформи, со цел да се намалат трошоците за развој и производство. Покрај тоа, Швеѓаните веќе развија и комплетно нова генерација на мотори.

Претходна објаваSkoda Octavia достигна четири милиони примероци
Следна објаваМаратонско возење на Land Rover: За 50 денови до Мумбаи

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here