Skoda Octavia достигна четири милиони примероци

Автомобилот што ја означи пресвртницата на чешката марка достигна продукција од четири милиони примероци. Првиот примерок излезе од производствените ленти во 1996 година.

Во матичната фабрика на Skoda во Млада Болеслава денес се одбележа четиримилионитиот примерок од Octavia, од третата генерација на моделот. Кога производството на големата комбилимузина од компакт класата почна во 1996 година, тоа беше првиот самостојно развиен модел на чешката марка по паѓањето на железната завеса и по стартот на соработката со Volkswagen. Како основа на Octavia отсекогаш се користи платформата од Volkswagen Golf. До јули 2013 година се испорачани близу четири милиони примероци од моделот во целиот свет, што претставува 38 проценти од вкупната продажба на Skoda. Со тоа Octavia е неприкосновен бестселер во 118-годишната историја на претпријатието од Млада Болеслава.

Претходна објаваНајсилниот Opel вози со 325 КС
Следна објаваVolvo ќе го покаже новото лице во Франкфурт

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here