Volvo ја презема одговорноста при незгода со автономно возило

Техниката за автономно возење веќе долго е зрела за производство, недостига уште законската регулатива. Убеден во својата технологија, Volvo прави чекор поблизу до автономното возење.

Автомобилите веќе ја поседуваат главнината од технологијата што е неопходна за автономното возење, почнувајќи од системи за самостојно запирање при опасност од незгода, преку системи за одржување на возилото во сообраќајната лента, до радарски темпомати што самостојно го запираат и забрзуваат возилото во колона. Браншата е подготвена за следната технолошка ера на автомобилизмот, но законодавството реагира пребавно за развојот на техниката. Шведскиот производител Volvo ги презема работите во свои раце.

Една од главните пречки за воведување на автономното возење беше отсуството на одговор на прашањето: Кој ќе ја преземе одговорноста при судир со возило што управува самостојно? Volvo го има одговорот што веќе подолго време се чинеше како најлогичен. Во случај возилото во автономен модус да учествува во незгода, Volvo ја презема одговорноста. Тоа го потврди шефот Хакан Самуелсон на семинарот за автономно возење што неговата марка го организира во Вашингтон, заедно со амбасадата на Шведска во САД. Со тоа, Volvo е прв водечки производител на автомобили во светот што го најавува храбриот чекор. Покрај автомобилските производители, голема шанса за отворање на ново подрачје на работа со технологијата за автономно возење гледаат и глобалните ИТ-гиганти, Apple и Google.

Претходна објаваToyota произведе 200.000 примероци од хибридниот Yaris
Следна објаваАмериканскиот напад врз Volkswagen носи проблеми и за добавувачите

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here