Volvo XC90: Првата серија распродадена за само два дена

Ова ги надминува и најоптимистичките предвидувања на шведската марка. Воведната серија од новиот теренец XC90 се распродаде за само два дена – преку интернет.

Volvo XC90 First Edition, прва серија од новата генерација на теренскиот знаменосец на шведската марка, се распродаде за само 47 часови од почетокот на продажбата. Ексклузивната и најскапа верзија од теренецот, изработена во 1.927 примероци во чест на годината на основање на фирмата, беше понудена на продажба само преку интернет страницата на Volvo. Врвот во продажбата беше достигнат само еден час по отворањето на приемот на нарачки, кога во просек се продаваа по 7 автомобили во минута. Ова е првпат модел на Volvo да биде достапен само преку интернет. Volvo XC90 First Edition е луксузно опремена изведба на моделот, понудена само во верзијата D5 со новиот дволитарски дизел од генерацијата Drive-E, со моќност од 230 КС и со цена од преку 90.000 евра.

Претходна објаваSkoda одбележува 25-годишнина од паѓањето на Берлинскиот ѕид
Следна објаваDacia ќе прави верзии Stepway и од Lodgy и Dokker

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here