Паѓањето на „Железната завеса“ меѓу Западот и Истокот го означи почетокот на новата ера за Skoda. Токму успехот на чешката марка е симбол на растежот што долго време го ограничуваа режимските политики.
Чешката марка има повод да учествува во одбележувањето на 25-годишнината од паѓањето на Берлинскиот ѕид. Со спуштањето на „железната завеса“ се отворија сосема нови перспективи за чешката марка со близу 120-годишна историја. До крајот на „Студената војна“, на производителот на автомобили од чешката Млада Болеслава му се нудеа само ограничени шанси за напредок во прогресивната автомобилска индустрија. Пазарите во Западна Европа беа недостапни поради најразновидните рестрикции. Политичката пресвртница и последувателното преоѓање на пазарно стопанство го означи почетокот на новата ера за Skoda. Денес Skoda е меѓу најуспешните производители на автомобили. Во последните 25 години марката постојано го зголемуваше своето учество на европскиот пазар. Во јули годинава, Skoda го имаше најголемото процентуално зголемување во продажбата на месечно ниво во историјата на компанијата, со раст од 26 проценти во Западна Европа и 17,3 проценти во Кина.
Според последните податоци за продажбата на Skoda, одделните модели котираа вака во јули годинава:
ŠKODA Octavia (29,600 примероци; +7.3 %)
ŠKODA Fabia (12,400; -22.3 %)
ŠKODA Superb (7,600; +3.7 %)
ŠKODA Yeti (8,100; +59.4 %)
ŠKODA Roomster (2,400; -6.5 %)
ŠKODA Rapid (19,400; +156.9 %)
ŠKODA Citigo (само на европскиот пазар: 3,300; -10.2 %)
















