за

Volvo ќе привлекува купувачи со паметните очила на Microsoft

Volvo ќе ја користи технологијата HoloLens за на купувачите да им понуди ново доживување при конфигурирањето на возилото, а воедно ја избегнува и потребата од големи и скапи продажни салони.

Volvo и Microsoft планираат заеднички развој на нови автомобилски техники, вклучувајќи автономни систеим за возење и користење податоци од автомобили поврзани во мрежа. Потенцијалните купувачи на Volvo ќе имаат корист од соработката со софтверскиот гигант уште пред да го купат возилото. Обете претпријатија синоќа на заедничка презентација во Редмонд покажаа како во иднина ќе може да се навлезе во внатрешниот живот на автомобилите во тридимензионална техника.

Гостите на презентацијата добија очила за виртуелна реалност и можеа да го погледнат новиот Volvo S90, уште пред да се произведе првиот примерок од овој автомобил. Комбинираната реалност помага купувачите да конфигурираат возило според своите желби, да го споредат изгледот на повеќе дизајни на бандажи и бои на каросеријата, како и да ги запознаат посебните својства, услуги и опции.

Друга предност на овој конфигуратор за нови возила е во тоа што Volvo нема потреба од големи и скапи репрезентативни салони во центрите во светските метрополи, туку може своите клиенти да ги запознае со возилата и во мали поп-ап локали, во трговски комплекси и воопшто на кое било место каде што има голем проток на луѓе, благодарение на технологијата HoloLens на Microsoft.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Porsche Cayman GT4 Clubsport за приватни тркачи за 111.000 евра

Со ова Porsche може вистински да се лета