за ,

Volvo отвори фабрика во Кина

Групацијата Volvo започна со производство во фабриката во кинескиот Ченгду. Кина е втор домашен пазар на шведската марка, која постави цел годишно да произведува 800.000 возила.

Во првата фабрика надвор од Европа во која што се одвива целосниот производствен процес се изработува Volvo S60L, специјална верзија на моделот S60 за кинескиот пазар, со продолжено меѓуоскино растојание.

Шведската марка во кинеска сопственост во последните три години бележи огромен пораст на вториот домашен пазар. Стартот на сериското производство во Ченгду е само уште еден доказ за брзата експанзија на марката. Цел на Volvo е да се постигне годишна продукција од 800.000 возила. Во периодот од јануари до октомври, марката ја зголеми продажбата во Кина за 40 проценти во споредба со лани, што далеку е повеќе од стапката на раст на целиот кинески пазар на автомобили.

Најпродавани се моделите од серијата 60, односно лимузината S60, комбито V60 и компактниот теренец XC60, а добро се држи и моделот V40. Во рок од две години, бројот на дилери се зголеми од 100 на 150. Моторите за фабриката во Ченгду доаѓаат од погоните Жангјакоу, кои почнаа со работа во минатата есен. За Volvo работат околу 2.000 Кинези, од кои половината се во централата на марката во Шангај.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Осум денови во застој: Во овие градови се вози во место

Рекордна продажба на Mercedes во октомври