Во минатиот месец, Швабите продадоа 126.421 возила, што е за 15,3 проценти повеќе отколку во ланскиот октомври и повеќе од кога било во историјата за овој месец.
Премиум производителот од Штутгарт постигна рекорд и со продажбата на возила од почетокот на годината: 1.189.059 патнички возила и плус од 10,7 проценти. Продажбата на Mercedes расте најмногу во Севрна Америка, во Турција и во Јапонија. Порастот во Европа изнесува 6,9 проценти, каде што марката го зголемува уделот на речиси сите одделни пазари. На домашниот пазар, во САД и во Јапонија, Mercedes е најпродавана марка од премиум сегментот. Најголема побарувачка во октомври беше забележана за новата класа Е, но и моделите од класите А и В, како и спортските теренци на марката напредуваат со продажбата.