Големиот теренец на Volkswagen од американско производство од следната година ќе се извезува на пазарот во Русија. Тоа го потврдија извори блиски до компанијата за индустрискиот гласник Automotive News.
Кон крајот на следната година, големиот теренец на Volkswagen од фабриката во Чатануга, во сојузната американска држава Тенеси, ќе почне да се извезува на рускиот пазар. Информацијата што ја објави Automotive News потекнува од експерт којшто е упатен во моделската политика на Volkswagen. Петметарскиот теренец Atlas сепак нема да се продава на пазарите во Западна Европа. Претходно и шефот на марката, Јирген Штакман, изјавил за индустрискиот гласник дека „Русија е еден од пазарите што доаѓаат в предвид“.
Продажбата на Volkswagen Atlas на пазарот во САД ќе стартува следното лето. Петметарскиот теренец со седум седишта е најголемото патничко возило што марката го има произведено досега, но со спецификацијата е под Touareg и соодветно на тоа ќе се нуди по пониска цена. Под хаубата работи дволитарски бензинец со турбонатполнење или шестцилиндарец од 3,6 литри. Врз основа на Atlas ќе се изведе и варијанта за кинескиот пазар, под моделското име Teramont.
















