Volkswagen пред Toyota во трката за најголем производител на автомобили

Во првите осум месеци од годинава, групацијата Volkswagen продаде најмногу возила на светскиот пазар. Во битката со јапонскиот конкурент Toyota, Германците продадоа 150.000 возила повеќе. Американскиот General Motors забележа голем пад на петтото место.

Во трката за титулата на најголем производител на автомобили во светот, концернот Volkswagen и покрај товарот од скандалот со дизелите ја држи лидерската позиција. Со 6,72 милиони продадени возила од сите марки од концернот во периодот од јануари до октомври, гигантот од Волфсбург го обезбеди првото место, пред Toyota којашто во истиот период продаде 6,56 милиони возила.

На третото место е алијансата Renault-Nissan со 5,52 милиони возила, пред Hyundai-Kia со 5,25 милиони и General Motors со 5,11 милиони возила.

Претходна објаваAudi Q7 e-Tron најпродаван електричен автомобил во Финска
Следна објаваОва е најнеодоливиот електричен автомобил на салонот во Париз

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here