На најголемиот салон на олдтајмери „Техно Класика“ ќе се одбележи 40-годишнината на Polo. Во германскиот град Есен ќе бидат прикажани седум историски примероци од сите досегашни генерации на моделот.
Специјализираното одделение за историски возила на Volkswagen ќе ја одбележи 40-годишнината на Polo на претстојниот салон на олтајмери во германскиот град Есен. На „Техно Класика“ ќе бидат прикажани вкупно седум примероци коишто најверно ги прикажуваат достигнувањата во петте досегашни генерации на моделот. Покрај првиот Polo од 1975 година ќе се најде прототипот на Polo од 1985 година со G-полнач, од когошто подоцна произлезе серискиот модел Polo G40, како и студијата „Eco Polo“ со потрошувачка од два литри дизел на сто километри.
Настапот на моделот ќе го заокружат Polo Open Air од третата генерација, којшто беше популарен со големиот платнен покрив и студијата на кабриолет врз база на Polo, изработена во Karmann, којашто за жал не успеа да доживее сериско производство.
Претставник од актуелната генерација 6R е тркачкиот Polo R WRC со 300 КС, со когошто Себастијен Огие и Volkswagen Motosport ја освоија шампионската титула во рели во 2013 и 2014 година.
Polo I L, 1975 година, 0,9 литри, 4 цилиндри, бензинец, 40 КС
Примерок од првата генерација ќе биде прикажан во тогашното „луксузно“ издание L, со хромирани браници и странични лајсни, како и со поквалитетни облоги на седиштата.
Polo II, модел „Eco”, 1988 година, 0,9 литри, 2 цилиндри, дизел, 40 КС
Втората генерација на Polo ќе биде претставена со студијата којашто имаше посебен нагласок на штедливоста, со дизел мотор со директно впрскување, рециркулација на издувните гасови, автоматски старт-стоп, G-полнач, полуавтоматски 5-степен менувач.
Polo II G40 „светски рекордер“, 1985 година, 1,3 литар, 4 цилиндри, бензинец, 129 КС
Од втората генерација потекнува и укинатот од музејот на Volkswagen, со когошто Volkswagen ја промовираше технологијата со G-полнач преку 24-часовно рекордерско возење на сопствената патека за испитување во Ера-Лесиен. Со брзина од 208 km/h, Polo го собори дотогашниот рекорд од 168,6 km/h за мотори со зафатнина до 1,3 литар.
Polo II G40, 1992 година, 1,3 литар, 4 цилиндри, бензинец, 113 КС
Ова Polo Coupé исто така има мотор под хаубата опремен со G-полнач и потекнува од редовно сериско производство.
Polo III Open Air, 1998 година, 1,4 литар, 4 цилиндри, бензинец, 60 КС
Третата генерација на успешниот модел на Volkswagen ќе биде претставена со специјалната серија Open Air, со електрично задвижуван платнен покрив.
Polo IV GTI Cabriolet, 2007 година, 1,8 литар, 4 цилиндри, бензинец, 150 КС
На салонот во Франкфурт во 2007 година, каросерискиот специјалист Karmann ја претстави студијата на Polo Cabriolet, базирана на четвртата генерација на моделот. Со комплициран механизам, покривот целосно исчезнуваше во опашот на возилото, а задното стакло се подигнуваше со електромотор и го ослободуваше пристапот до багажникот.
Polo V R WRC, 2013 година, 1,6 литар, 4 цилиндри, бензинец, 300 КС
Себастијен Огие и Хулиен Инграсија постигнаа најдобро време уште во првото појавување со Polo R WRC во светскиот шампионат во рели во 2013 година, на првиот брзинец на Монте Карло. Сезоната заврши со шампионска титула за возачкиот тим и за производителот.
















