Американскиот огранок на Volkswagen ќе ги смирува сопствениците на модел со дизел мотор погоден од аферата со вредносен бон во висина до 1.250 долари. За возврат, клиентите треба да се откажат од тужба против производителот.
Американски медиуми пишуваат дека Volkswagen ќе им подарува вредносен бон на сопствениците на модел со дизел мотор погоден од аферата „Дизелгејт“. Овие сопственици како надомест ќе добијат припејд-картичка во вредност до 1.250 долари, пишува онлајн-порталот „The truth about cars“. Во дилерската мрежа на Volkswagen ќе може да се набавуваат производи и услуги во вредност до 750 долари, додека остатокот може да се потроши слободно. Volkswagen of America веќе ги известил своите дилери за планираната акција, а американскиот огранок во текот на следнава недела ќе излезе во јавноста со повеќе детали.
Неизвесност постои околу тоа дали сопствениците на модел од Volkswagen, со оваа парична исплата ќе треба да се откажат од нивното право за поднесување тужба против производителот. Покрај високите казни, на светскиот автомобилски гигант во САД му зе заканува и бран тужби од сопствениците, поради намалената препродажна вредност на нивните возила. Со вредносниот бон би требало да се компензира во тој поглед.
















