за

Toyota инвестира милијарда долари во вештачка интелигенција

Во Силиконската Долина наскоро ќе се одомаќи и Toyota, со центар за вештачка интелигенција и роботика. Со центарот ќе раководи Џил Прат, како врвен светски експерт на ова поле. Идејата е Toyota да востанови комплетно нов индустриски огранок.

Новиот истражувачки центар Toyota Research Institute, кусо TRI, ќе започне со работа во јануари 2016 година. Почетните инвестиции во центарот изнесуваат една милијарда долари за следните пет години. Со институтот ќе раководи американскиот научник и инженер Џил Прат.

Претпријатието во почетокот ќе работи на натамошно подобрување на безбедноста и на проект што ќе придонесе автомобилите да бидат достапни за користење за секого, без оглед на способноста за возење. На тој начин, техниката на Toyota ќе им овозможи мобилност и на повозрасните лица. Според Прат, вештачката интелигенција располага со потенцијал за создавање сосема нова индустриска гранка. Дополнителна активност на TRI ќе биде адаптирање на автомобилската технологија на Toyota за примена во услови на домашна средина.

Центарот TRI ќе се гради во Пало Алто, во близина на Универзитетот Стенфорд во Калифорнија, а подоцна се планира отворање на подружница во близина на институтот МИТ (Massachusetts Institute of Technology) во Кембриџ, во сојузната држава Масачусетс. Околу 200 врвни експерти ќе бидат ангажирани во истражувањето и развојот на вештачка интелигенција и роботика.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Дизајнерот на Alfa Romeo Giulia: „Не ја копиравме серијата 3 на BMW“

Volkswagen им подарува бон од 1.250 долари на американските возачи