Volkswagen го купи сервисoт за безготовинска наплата на паркинг PayByPhone

Одделот за финансиски услуги на Volkswagen е нов сопственик на PayByPhone, водечкиот сервис во светот за безготовинска наплата на паркинг. PayByPhone има седиште во канадскиот Ванкувер и присутен е со своите услуги во САД, Франција, Велика Британија, Швајцарија и Австралија.

Со преземањето на канадската компанија, Volkswagen станува водечки светски понудувач за трансакции и мобилна наплата на услуги за паркирање. PayByPhone располага и со иновативна технологија, којашто овозможува едноставно користење на услугите преку апликација за мобилен телефон.

Паркирањето и наплатата честопати се комплициран и долготраен процес, и слаба точка во повеќето европски и светски градови. За секој автомобил постои потреба од паркирање. „Од тие причини сакаме на нашите корисници да им понудиме комфорно дигитално решение со коешто значително се поедноставуваат паркирањето и наплатата“, објаснуваат од Volkswagen.

Претходна објаваОдбележување на 50-годишнината на Ferrari во Јапонија со ексклузивниот J50
Следна објаваТретман со свежи клетки за Toyota Auris во новото моделско годиште

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here