Ferrari годинава одбележа половина век откако првиот автомобил од италијанската марка доби јапонски регистерски таблички. За одбележување на овој јубилеј се одржа цела низа настани, но клучниот момент беше претставувањето на специјалниот модел по тој повод, Ferrari J50.
Тристотини гости пристигнаа на големата свеченост којашто Ferrari ја одржуваше во Националниот музеј за уметност во Токио по повод 50-годишнината на марката на јапонскиот пазар. За пречекување на гостите беше задолжен 275GTB, првиот модел на Ferrari што во 1966 година беше увезен во Јапонија, а покрај него GTC4Lusso, последниот модел со 12-цилиндарски мотор, претставен годинава.
https://www.flickr.com/photos/127653547@N06/31917783775/in/dateposted-public/
Кулминација на финалето во серијата со којашто се одбележуваше јубилејот на Ferrari беше претставувањето на J50, модел што ќе биде достапен во ограничена серија и прв модел од Fuori Serie, развиен специјално за Јапонија. Дизајнот на J50 се одликува со футуристичка и егзотична нота, со детали што се свосјтвени само за него. Од сите модели во ограничена серија коишто Ferrari ги има изработено досега, J50 прикажува најсвеж дизајн и мошне е веројатно дека неговиот стил ќе се искористи за идните модели на марката од Маранело.
https://www.flickr.com/photos/127653547@N06/31880621916/in/dateposted-public/
Цела низа настани претходеа на презентацијата на J50, вклучувајќи Ferrari Racing Days, учество на релито Хокаидо, како и забави во Осака.
















