за

BMW i8 в година со нов изглед и зголемена моќност

На спортскиот хибрид на BMW во следната година му претстои моделско освежување. Купето i8 ќе добие неколку нови зафати во дизајнот, но и оптимирана погонска техника, според искуствата коишто инженерите ги имаат стекнато со безбедносниот автомобил во Формула Е.

Спортското купе со две срца на BMW наскоро ќе брои три години на пазарот, што значи дека е време за освежување на моделот. На блоговите за баварската марка веќе проструија гласини дека BMW i8 в година ќе добие нова технологија, по пример на безбедносниот автомобил што се користи во светскиот шампионат во Формула Е. Во BMW i8 моментно работи трицилиндарец од 1,5 литар со турбонатполнење и 231 КС, што во комбинација со електромотор со моќност од 131 КС дава системска моќност од вкупно 362 КС.

Според гласините, моќноста на освеженото моделско годиште на BMW i8 ќе се зголеми на околу 375 КС. Соодветно на тоа ќе се вгради и нова генерација батерии со поголем енергетски капацитет, по пример на замената што Баварците ја извршија претходно во компактниот i3, значително продолжувајќи го досегот на електромобилот.

Марката од Минхен има полни раце работа со спортското купе со хибриден погон. Веќе во 2018 година BMW ќе ја претстави отворената верзија на i8, веројатно со дополнителна ознака Spyder. Во меѓувреме ќе се појави и електричната верзија на BMW X3, исто како и новата генерација на Mini со погон на струја.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Suzuki стартува со продажба на новиот Swift во Јапонија

Одбележување на 50-годишнината на Ferrari во Јапонија со ексклузивниот J50