Реклама за Volkswagen во Британија забранета зашто мажите се мажи, а жените жени

reklama vw e-golf britanija
reklama vw e-golf britanija

Реклама за електричната изведба на Volkswagen Golf за Велика Британија доби забрана за емитување. Властите ценат дека рекламата шири клише околу улогата на половите.

Британската агенција ASA го забрани емитувањето на спотот за Volkswagen e-Golf. Причина за забраната се новите директиви со коишто се спречува ширење клишеа околу улогите на половите.

Гледачи се пожалиле за „повторување на штетни стереотипови за половите“ до Агенцијата. Во рекламата за електричниот Golf, мажите се прикажани како спортуваат и се впуштаат во авантури, наспроти сцена во којашто една жена седи на клупа со детска количка покрај себе.

Volkswagen се побунил за забраната, но британските власти не попуштаат и забраната останува. Ова е првпат да се постапува според новите правила, по нивното стапување во сила на 14-ти авгут. Рекламата за млечниот намаз „Филаделфија“ исто така е забранета. ASA нема да поднесе тужба против Volkswagen, но тв-куќите мораат да ја почитуваат забраната.

https://youtu.be/U4tAVYvYz7U

 

Претходна објаваСуперблондинката со брзите коли возеше ID. Buggy во Калифорнија
Следна објаваЕлектричниот влекач на Tesla на тестирање по патиштата во САД

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here