Volkswagen бара воведувањето на новите норми за издувни гасови на ЕУ да се одложи најрано до есента 2026 година. Тоа би било околу една година по првично поставениот рок. По есента 2027 година, сите нови автомобили ќе мораат да ги исполнуваат барањата на Еуро 7 нормата.
Автомобилската бранша се противи за воведување на нормата Еуро 7. Производителите посочуваат дека таа значително ќе ги поскапи автомобилите, а градските модели повеќе нема да бидат исплатливи. Парите што би требало да се вложат во модернизација на моторите со внатрешно согорување, подобро е да се вложат во развој на електрични автомобили, навеедуваат производителите.
Проблем претставува и кусата временска рамка. Доколку законот, за којшто во моментов се дискутира и којшто потоа ќе мора да биде изгласан од сите членки на ЕУ, како и од Парламентот на ЕУ, стапи во сила во средината на 2026 година, како што е планирано, Volkswagen ќе мора да го запре производството на неколку свои модели во Европа. Тоа нема да биде потребно, доколку се одложи донесувањето на новата норма Еуро 7.
Заговорниците нагласуваат дека е големо значењето на нормата Еуро 7. По 2035 година повеќе нема да се дозволува регистрирање нови возила со мотор со внатрешно согорување, освен во случај тие да користат е-горива. Возилата што веќе се регистрирани, ќе смеат да се користат и понатаму. Бидејќи автомобилите во Европа обично се користат подолго од десет години, новите возила што ќе се регистрираат пред завршетокот на 2034 година, потоа уште долго ќе бидат во промет.
Погодени се и електричните автомобили
Планираните заострувања не ги погодуваат само возилата со мотор со внатрешно согорување, туку тие за првпат ги зафаќаат и електричните автомобили. Покрај построгите гранични вредности за емисијата на штетни материи од моторите со внатрешно согорување, нормата предвидува гранични вредности и за ситната прашина, што се создава при триењето меѓу гумите и асфалтот. Исто така се поставуваат барања за преостанатиот капацитет на старите батерии од електричните автомобили.
Италија сака да се здружи со Франција и Германија против Еуро 7
















