Италија сака да се здружи со Франција и Германија, да посилно да влијае и да ги забави плановите на Европската Унија, за смалување на емисијата од автомобилите и камионите, кажува министерот за индустрија Адолфо Урсо.
Десничарската влада на премиерката Џорџа Мелони веќе искажа силни критики против одлуката на Унијата, да ја забрани продажбата на нови автомобили со бензински и дизел мотори по 2035 година. Еден од министрите го толкуваше присилното префрлување на електричен погон, како „самоубиство“ и како „подарок“ за кинеската индустрија.
Зборувајќи за информативниот канал TGcom во саботата, Урсо ја повика Европската Комисија, како извршителска рака на ЕУ, да преземе „прагматични, конкретни, неидеолошки“ пристап кон законите за одраничување на климатските промени. Тој сака да создаде „сојуз“ со Париз и Берлин, за трошоците за индустријата и за потрошувачите да се намалат.
Урсо посочи дека на 2-ти февруари зборувал за проблемот со германскиот министер за економија Роберт Хабек и дека истото планира да го оствари и со францускиот министер за економија Бруно Ле Мер, на 3-ти март во Рим.
„Трите големи индустриски земји во Европа можат да влијаат врз … законите во Европа“, посочи Урсо, зборувајќи за Италија, Франција и Германија
Урсо посебно ги нагласи двата нацрт закони на ЕУ: Построгите правила за емисијата на штетни материи за автомобили, доставни возила, камиони и автобуси што се содржани во нормата Еуро 7, и предлогот што беше даден овој месец, за дополнително ограничување на емисијата од камиони и автобуси.
Con il nostro No abbiamo svegliato l’Europa. Speriamo che altri comprendano che è l’ora della ragione non certo della rassegnazione! Su tutti i dossier saremo in campo sino alla clausola di revisione del 2026. Cambiare si può https://t.co/3O5rhv5Ta7
— Adolfo Urso (@adolfo_urso) March 1, 2023
Тој кажа дека Италија ќе биде „принудена“ да го одолговлекува одобрувањето на двата закони, до следните парламентарни избори во ЕУ во 2024 година, доколку не се исполнат барањата на Рим за ограничувањата да се ублажат.
„Тоа се два важни закони за коишто мора да се пристапи реалистички, за на граѓаните и на бизнисот да им се даде вистинска шанса да се приспособат во нормална временска рамка“, заклучува министерот.
Повикувајќи се на загриженоста на италијанскиот министер за транспорт Матео Салвини, Урсо кажа дека ЕУ ризикува „енергетското исклучување“ на Русија за набавката на фосилни горива, да го замени „со уште посериозна зависност“ од Кина, за зелени технологии и суровини.
















