Volkswagen го врати ID.3 во вистинскиот правец во дизајнот

Користа и намената од црната капа меѓу хаубата и ветробранот кај ID.3, веројатно ја разбираше само поранешниот дизајнер на Volkswagen. Од неа нема корист ниту за аеродинамичноста, ниту пак тоа е поедноставно за производство, а на крајот и не изгледа убаво. Сето тоа сега е поправено.

Најголемата, па веројатно и едиснтвена вистинска критика околу првиот електричен автомобил на Volkswagen, се однесуваше точно на гломазната пластика, што се провлекуваше по целата ширина на возилото. За тој погрешен зафат да го отстрани, Volkswagen вложи многу повеќе труд и средства, отколку што е вообичаено тоа да се прави во рамките на обично моделско освежување.

Шефот на маркат, Томас Шефер, уште во октомври најави дека „ќе поработиме уште еднаш на ламаринат.“ Како резултат од тоа, ID.3 доби нова хауба. Црната капа исчезна, хаубата изгледа многу подолго. Покрај тоа, хаубата не е целосно мазна, туку има две впечатливи линии, исто како кај Golf.

На тоа е додаден и нов преден браник, со главната измена во тоа што се напушти и досегашниот саќест изглед. Од новиот изглед има корист и возењето. Новиот Volkswagen ID.3 има подобрена аеродинамичност. Вредноста на коефициентот се смени незначително, од 0,267 на 0,263. Во минатото остана и точкестата шара на задните столбови, што се нудеше како опција. Volkswagen открива дека одвај некој се решавал за таа ставка.

Моделското освежување на Volkswagen ID.3 доаѓа пред планираниот рок

Според првичните замисли, моделското освежување требаше да се случи дури в година. Но, поради постојаната критика, Volkswagen се реши да подрани една година. Првото целосно обновување на пра-електричниот модел на Volkswagen – прв на сопствена платформа, затоа што VW уште одамна ги имаше e-Golf и e-up – доаѓа на сцената по три години од пазарниот старт и по 200.000 продадени примероци. Промените во изгледот се сведуваат главно на носот.

Назад се малку промените. Единствена новина што вреди да се спомне е делот од светлата што влегува во поклопецот, којшто сега вистински свети, место само да глуми светло. Освежувањето не е направено за ID.3 да стане ID. Golf, за којшто веќе се шират гласини во Волфсбург. Но, факт е дека ID.3 сега повешто се сместува меѓу останатите модели од семејството на Volkswagen.

Има бројни зафати во внатрешноста. Промените се направени со цел да се стекне поубедлив впечаток за квалитет. Едноставната внатрешност исто така беше предмет на критика. Volkswagen ги услиша гласовите на клиентите, кажува директорката за продажба Имелда Лабе. Материјалите во внатрешноста изгледаат поквалитетно и попријатни се на допир. Пластиката е помека.

Тоа што претходно се вградуваше со доплата, сега е стандард

Голем број од ставките што досега се нудеа само со доплата, станаа сериска опрема. Тоа важи за големиот средишен дисплеј од 12 инчи, ист како во големиот ID.4, исто како и за кожените облоги на арматурната табла и на вратите. Секако дека тоа е имитација на кожа, заедно со имитација на штепови, меѓутоа поимот за вештачка кожа во меѓувреме е сменет од корен. Целата кабина е веганска, вклучувајќи го воланот, што досега единствен беше обложен со вистинска кожа.

Единствено не е применето барањето на шефот Шефер, сензорските полиња на воланот да се заменат со класичен волански прекинувачи. Затоа, пак, сменети се седиштата. Досегашните дизајнерски седишта, сега се вградуваат стандардно, иако се обложени со платно, место со кожа. Напредуваше и софтверот. Место досегашната верзија 3.2, во освежениот модел работи најнов софтвер 3.5.0.

Подоцна ќе бидат воведени поедноставните и подостапни изведби

Сите овие зафати имаат своја цена. Новата основна изведба ID.3 Pro Life во Германија чини 43.995 евра, што е добри 6.000 евра повеќе отколку за „стариот“ ID.3 Pro, чијашто цена изнесуваше 38.060 евра. Volkswagen сепак упатува дека наскоро ќе следат изведби со поедноставна опрема. Сепак е неизвесно кога ќе се случи тоа.

Некои дизајнерски гревови сепак останаа. Тоа се однесува за внатрешните рачки на вратите, што се изведени со клавирски лак. Во новиот ентериер, тие некако двојат.

Сопствениците на ID.3 се жалат и за неосветлениот лизгач на допир, што се наоѓа во дното на дисплејот, за местење на температурата и на силината на радиото. Проблем е во мрак да се ракува со ова поле.

Тоа ќе биде сменето во новиот ID.7. Дури в година Volkswagen ќе воведе осветлена варијанта на ова поле. Како образложение за тоа се наведува големиот број нарачани дисплеи во постоечката изведба, што секако дека треба да се вградат некаде. Од истата причина останаа и сјајните рачки на вратите.

Проширена е палетата со нови бои

Бојата шафран-портокал, што беше достапна за ентериерот, повеќе не се нуди. Мал бил интересот за тоа. Како што објаснува директорката Лабе, „сакаме да бидеме позрели“. Место тоа се користат поумерени бои. За каросеријата може да се избира дополнително меѓу три нови бои: Olivine Green, Costa Azul и вистинска црна боја. Три бои се симнати од листата.

Volkswagen почна со прием на нарачки за новиот ID.3 уште во декември. Првите испораки од новото моделско годиште ќе стартуваат дури наесен, веројатно во октомври. Тоа е времето што му е потребно на Volkswagen да ги произведе возилата што се нарачани од претходно. Сите нарачки што се направени до 30-ти ноември лани, важат за стариот модел.

Светот уште не може да го види новиот ID.3, затоа што во објавените материјали од Волфсбург се појавуваат виртуелни автомобили. Исто и трите нови бои уште ги нема видено јавноста. Првото појавување пред публика ќе биде во април, на големиот салон на автомобили во Шангај.

Претходна објаваИталија сака да се здружи со Франција и Германија против Еуро 7
Следна објаваНа германските работници не им се допаѓа што Bosch отвора фабрика во Источна Европа

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here