Кинески Zeekr почнува со продажба во Европа

Уште една кинеска марка автомобили ќе се одомаќи во Европа. Марката-ќерка на концернот Geely, што е во сопственост на Ли Шуфу, и во којшто спаѓаат и марките Volvo, Polestar, Lynk & Co, како и половина од марката Smart, најави дека уште годинава ќе почне со продажба на своите модели на европскиот пазар.

Марката Zeekr на тековниот салон на автомобили во Шангај најави дека во последното тромесечје годинава ќе стартува со продажба во Шведска и во Холандија. Планот е по пуштањето корени на европскиот пазар, кинескиот производител да освојува нови пазари ширум светот.

Zeekr се цени како производител на премиум автомобили и во почетокот ќе нуди само два модели. Едниот од нив е знаменосецот на марката, купе-комбито Zeekr 01, којшто со енергијата во батеријата постигнува досег од околу 600 километри. Вториот модел е Zeekr X, урбан СУВ со компактни димензии.

Двата модели се целосно електрични возила и ја користат архитектурата SEA, што е развиена од Geely. На оваа платформа може да се конструираат најразлични видови и големини на каросериски надградби

Zeekr ги претставува своите возила како „комбинација од дизајн, технологија, возна динамика, моќност и безбедност, заедно со голем досег и брзо полнење“. Во производството се применува вештачка интелигенција, којашто открива и најситни пропусти, гарантирајќи висок квалитет на изработка.

Сестрински модел на Smart #1

Zeekr X во основата е сестрински модел на Smart #1, којшто годинава почна да се продава во Европа. Mercedes кон завршетокот на 2019 година ја префрли својата марка за мини-автомобили во заедничка компанија со Geely. Кинескиот производител целосно го разви Smart #1. Единствено дизајнот е дело на Mercedes.

Цената на Zeekr X ќе се движи во истата рамка како на Smart, што значи дека моделот ќе стартува од 40.000 евра. За знаменосецот Zeekr 01 се очекува цена далеку над 50.000 евра.

Smart #1

Geely има големи очекувања од продажбата на моделите од својата премиум марка Zeekr во Европа, меѓу другото и поради тоа што моделите се конципирани во развојниот центар во Шведска.

Тимот од околу 1.500 инженери и дизајнери во минатото има работено на бројни модели за групацијата Geely, коишто имаат постигнато успех на пазарот. Меѓу тие модели се наоѓаат и автoмобили од марките Volvo и Polestar. „Со ресурсите, познавањата и искуството, на коишто можеме да се повикаме, Zeekr е подготвен да нуди првокласни електрични возила, иновативни услуги и одлично искуство за клиентите“, кажува Спирос Фотинос, извршен директор на Zeekr Europe.

Досега се продадени 93.000 возила

Компанијата се повикува на успешното делување во Кина. По само две години откако марката дебитираше на пазарот, со Zeekr 01, до завршетокот на март годинава се продадени 93.000 возила.

Zeekr во последната инвестициска рунда привлече дополнителни 750 милиони долари. Компанијата се цени на 13 милијарди евра. Покрај Aiways, BYD и Great Wall Motor, со марките Wey и Ora, Zeekr е дел од бранот од кинески производители, што ја бараат својата среќа во Европа. Тие погодуваат во делот од пазарот во којшто спаѓаат подостапните модели, коишто германските производители го запоставија и се посветија само на своите премиум и луксузни модели.

Претходна објаваVolkswagen бара одложување на нормата Еуро 7
Следна објаваСАД ги укинаа субвенциите за електричните автомобили на VW, BMW, Volvo

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here